Миалн Динчиќ Динча се појави на сцената на Гранд во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.Тој стана популарен, но за својот приватен живот ретко зборува.
Денес, стана татко на син, односно неговата сопруга Јелена на свет го донесе нивното прво дете.
Динчиќ и Јелена на малиот наследник му дадоа вистинско српско име – Вукан. Пејачот и Јелена Секуловиќ стапија во брак во април оваа година, а прославија со интимна вечера со своите пријатели и најблиски.