Суперѕвездата Јелена Карлеуша е главна тема на меѓународните медиуми, откако се прошета на две ревии на модната недела во Париз.
Брендовите „Vetements“ и „Windowsen“ ја ангажираа Карлеуша да ги носи нивните модели, а со нејзиниот стајлинг го привлече вниманието на сите присутни.
Таа на првата ревија на брендот „Vetements“ носеше парчиња од најновата колекција – црвена, широка тренерка и сива атлетска маичка.
Вториот стајлинг во кој прошета по модната писта е дефинитивно најпровокативен.
Станува збор за минијатурно плисирано здолниште, горен дел со прерамки и чизми со огромен ѓон, а се потпишани од „Windowsen“.
Како што сме навикнати да не се повторува, Јелена по ревијата се пресоблече во сив комплет како одело, а бројни блогерки и пријдоа да се фотографираат со неа.
Фото: printskrin/instagram/jaquelline/karleusastar