Живот и Стил

Очите говорат за проблемите со срцето

Очите говорат за проблемите со срцето

Постојат повеќе симптоми со чија помош може да се дознае можната присутна опасност – следат три од нив.

Срцевите заболувања се една од главните причини за смрт во светот, па затоа е важно навреме да се забележате предзнаците на овие болести. Постојат повеќе симптоми со чија помош може да се дознае можната присутна опасност – следат три од нив.

Според офталмологот д-р Одри Тај oд Калифорнија (САД), пред сѐ, треба да се внимава на жолтите испакнатини околу очите. Оваа појава медицински се нарекува ксантелазма. Поточно, тие жолти меури обично се признак на висок холестерол, којшто ја зголемува опасноста од кардиоваскуларни болести и може да предизвика мозочен, како и срцев удар, но и други состојби.

Жолтите грутки најмногу се појавуваат на и околу очните капаци, а можат да се појават и во средината на лицето. Сепак, тие не се болни и не влијаат на видот. Сепак, тие се знак дека можеби имате многу високо ниво триглицериди во крвта, па дури може да биде знак дека имате генетско нарушување кое предизвикува абнормални нивоа на липиди.

Ширењето на зениците поврзано со отчукувањата на срцето, може да биде знак за протекување на срцевиот залисток. Затоа, д-р Тај вели дека ова се случува кога крвта се испумпува од срцето преку аортната валвула, којашто ако не е цврсто затворена, дел од крвта истекува назад во срцето.

– Ова предизвикува поголема разлика меѓу Вашиот крвен притисок кога срцето ви се собира и крвниот притисок кога тоа се отпушта. Кога срцето се собира, зеницата се намалува, а кога се отпушта, таа се шири, појаснува докторката.

Ако се забележи пулсирање на зениците, треба да се посети лекар, поточно кардиолог, а пожелно е и првично консултирање со офталмолог кој ќе утврди дали окото пулсира.

– Од друга страна, и промените во мрежницата се симптом, но не можат да се видат „со голо око“. Оваа појава може да ја види само офталмолог при преглед. Многу е важно да правите редовни очни прегледи, особено ако имате над 40 години, боледувате од дијабетес или какви било фактори на ризик за или болести на срцето или крвните садови, дополни Тај.

Промената на мрежницата може да биде знак за ран дијабетес или висок крвен притисок, што се главни фактори на ризик за срцеви заболувања.

извор:курир.мк
фото:Freepik

To top