Радио Милева „гушкалче на мама“

Антониа Гиговска покажа ретка глетка со синчето: Киан потпорасна, а мама се топи во неговата прегратка (фото)

Антониа Гиговска покажа ретка глетка со синчето: Киан потпорасна, а мама се топи во неговата прегратка (фото)

Младата македонска поп пејачка Антониа Гиговска пред половина година за првпат стана мајка и си ја продолжи семејната лоза.

Таа не само што реши млада да го продолжи поколението, туку и секојдневно покажува дека и тоа како ужива во благословот од Бога.

Уште штом ќе ги отвори очите најтоплата прегратка ја добива токму од бебето Киан за кое има време преку ден, особено деновите пред викенд додека не тргне на  настап заедно со сопругот Роберт кој сири и е одговорен за бендот.

– Конечно чувствувам само искрена, најискрена љубов на свет која некој ми ја дава. А тоа е ова мало мое мече. Инаку веќе сме на мам, мам – им откри таа.

Антониа за разика од мајките кои почесто сакаат да објавуваат фотографии со своите малечки, за неа тоа не е случај, туку ретка глетка од социјалните мрежи.

Сепак, понекогаш сака да зборува и да го покаже Киан кој сега има седум ипол месеци, но се уште не решила да го покаже неговото лиценце за кое откри дека личи на тато.

Таа неодамна кажа и дека желбата по рожбата на машко е да добие и девојче.

фото: Instagram printscreen/ antoniagigovskaa

To top