Пејачката и водителка Ана Севиќ доаѓа на местото на Сања Кужет во „Ѕвездите на Гранд“, а креативниот директор на „Гранд“ Саша Поповиќ откри дека таа му била и прв и единствен избор, иако медиумите шпекулираа за разни водители.
Во интервју за Гранд, Поповиќ изјави дека веднаш одлучил замена на Сања да биде Ана, а откри и која според него е најдобара водителка.
-Многу водителки би можеле да го водат овој проект, тој не е толку напорен како да се биде член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“.
Сега слушнав дека Тамара Радониќ, која работеше во Гранд седум години, сака да се активира. Според мене, таа е една од најдобрите водителки кога е во прашање шоу програмата, кога се работи за забавни емисии, таа тоа го држи на малиот прст. Па, тоа го слушнав сега и ќе ми биде мило ако се врати, не мислам во „Ѕвездите на Гранд“, туку на телевизија, рече Саша, а на изјавата на новинарот дека Тамара изјавила дека во одреден момент би сакала да се врати на малите екрани, низ насмевка одговорил тој:
-Како изгледа? – се насмеал Поповиќ.
Фото: printskrin/YouTube/Grand online