Потребно е:
4 чаши вода
1 лажичка сол
1 шолја палента
3 супени лажици путер
половина чаша свежо рендан пармезан
Подготовка:
Истурете вода во тенџере, посолете и ставете ја на шпорет да се вари. Отворете ја кесичката и ставете ја палентата со постојано мешање да не останат грутчиња. Намалете ја топлината и оставете ја водата да испари, но не престанувајте да мешате, додека палентата не се згусне. Потоа тргнете ја од шпоретот и додадете путер за уште покремаст вкус. Додадете пармезан и послужете.
Извор: Попара