Радио Милева немил настан

Весна Бејби во поткастот кај Лазаров откри детали за ќерката Мина која беше жртва на педофил (видео)

Весна Бејби во поткастот  кај Лазаров откри детали за ќерката Мина која беше жртва на педофил (видео)

Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска беше гостин во најновиот поткаст кај Стефан Лазарав, каде  меѓу опуштениот муабет   откри и нови  детали околу ќерката Мина која во 2016 година беше жртва на педофилија.

Актерката зборуваше за тој настан од аспект како таа реагирала на сето тоа но и за храброста на Мина да ја каже вистината.

„Мина многу сакаше да вози точак и возела, но саат ипол ја снемало. Тука се работеше само за допири, тоа било во гаража. Ѝ рекол само „утре пак ќе те барам“ и се претставил како Сашо, иако тоа не му беше името. Јас одма провалив сè. Ѝ дал 500 денари за да ќути“, кажа Весна во поткастот кај Лазаров.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lazarov Podcast (@lazarovpodcast)

Мина тогаш имала само 11 години и полна од тој страв што го насобрала, веднаш кажала на брат ѝ затоа што седел тука.

„Кирил ми се јави, отидов да ја земам, тоа беше во Капиштец, и само ја седнав во кола и ја гледав дека цела беше лом направена. И викам „океј, сега ќе одиме во полиција. Јас точно знаев дека ѝ се случило тоа“.

Потоа Мина на полицијата и раскажала сѐ а за тоа Бејби вели дека тоа е најголемото херојство што го направила Мина.

Раскажа и за ситуацијата кога  Бејби го видела тој човек во судницата и изгубила секаква контрола, бидејќи тоа е посилно од неа.

„Мене ме држат двајца полицајци, јас ќе го задавев. Ти немаш тука контрола“, изјави таа.

На крај сторителот добил 12 години казна затвор за овој немил настан, а пред неколку месеци од неговиот адвокат дознала дека починал.

Разговорот за  Мина можете да го слушнете од видеото на 2:07:10

Фото: printskrin/vesnapetrushevska

To top