Излупете го слаткиот компир и додадете го во процесорот за храна заедно со спанаќот и едно јајце. По желба додадете една лажица маслиново масло. Од зачините додадете сол, лук во прав, босилек и власец. Се истурете на хартија за печење и печете додека кората не се стегне. Оставете го целосно да се излади.
Состојки:
– 2 слатки компири (може да се користат и обични компири)
– 1 голема шолја спанаќ (може да користите и блитва)
– 1 јајце
Полнење:
– густ јогурт
– варени јајца
– кисели краставички
Подготовка:
Излупете го слаткиот компир и додадете го во процесорот за храна заедно со спанаќот и едно јајце. По желба додадете една лажица маслиново масло. Од зачините додадете сол, лук во прав, босилек и власец. Се истурете на хартија за печење и печете додека кората не се стегне. Оставете го целосно да се излади.
Направете фил од густ јогурт, ситно сечкани варени јајца и ситно сечкана краставица. Свиткајте ја кората и внимателно завиткајте ја во ролна за да не се распадне кората, бидејќи во неа нема брашно и е мека. Се сече на помали парчиња.
Добар апетит!
извор:kurir.mk
фото:freepik