Живот и Стил

Дневен хороскоп: Петок 16-ти Февруари 2014 година

Дневен хороскоп: Петок 16-ти Февруари 2014 година

ОВЕН
Ќе поминете одличен ден во друштво на вашето семејство и најблиските, и покрај потешкотиите да комуницирате со одредени членови. Вашет расположение ќе биде пријатно, ќе чувствувате дека полека продирате до срцето на сите. Вашата имагинација започнува да станува доста вивидна.

БИК
Одете на некое кратко патување или прошетка до некое место во вашата околина на живеење, тоа ќе ви помогне да ги разбистрите мислите и да ги согледате некои нешта на вистински начин. Ќе почнете да се чувствувате добро во своја кожа. Комуникацијата со саканиот ќе тече одлично.

БЛИЗНАЦИ
Ќе трошите повеќе од вообичаено и тоа на нешта кои ве радуваат, ќе сакате да ги изненадите саканите со подароци кои ќе им го разубават денот. Чувствувате нешто спрема некоја личност но упорно го таите во себе, можеби вистинскиот миг за да го искажете тоа пристигнал.

РАК
Ќе ја искористите вашата чувствително да ги подобрите односите со вашите најблиски. Ќе се чувствувате сензуално, заводливо и ќе успевате да ги освојувате срцата на сите. Вашиот креативен потенцијал ќе биде забележан.

ЛАВ
Време е да се опуштите и да не размислувате премногу затоа што тоа ќе го уништи вашиот мир. Практикувајте медитација, слушајте музика или гледајте некои забавни филмови за да ги избалансирате вашите интензивни чувства.

ДЕВИЦА
Не пропуштајте ја шансата да се сретнете со вашите пријатели и да се видите со оние со кои долго време сте го загубиле контактот. Зближувањето ќе ви годи и ќе ве расположи. Ви се насмевнува среќна шанса во љубовта.

ВАГА
Ќе се поврзите со луѓе кои прават да се чувствувате пријатно и со кои разговорите ви течат како вода. Време е да го извадите најдоброто од себеси, сега е мигот кога треба да се докажете. Изберете го најдобриот стајлинг затоа што е потребно да оставите впечаток на некоја важна личност.

ШКОРПИЈА
Денешниот ден ќе биде исполнет со добри случувања и позитивни искуства кои ќе ви ја привлечат желбата да уживате и да бидете во добри односи со сите околу вас. Ќе сакате да започнете некој креативен проект, некои шкорпии ќе бидат наклонети кон сликарството и уметноста.

СТРЕЛЕЦ
Денес е идеален ден за интимност со партнерот. Вашата сензуалност ќе биде на високо ниво и ќе бидете понежни и почувствителни од вооибчаено. Доколку сте сингл, денес е одличен ден да одите на прв состанок со личноста која долго време ви се допаѓа.

ЈАРЕЦ
Денес треба да ја оставите недовербата настрана и да се обидете да бидете во добри односи со сите околу вас. Нема да зажалите ако излезете од вашата зона на комфорот и запознаете нови луѓе. Денес е посебен ден за оние кои имаат партнер и деца.

ВОДОЛИЈА
Време е да почнете повеќе да се грижите за себе. Разгалете се со нешто кое одамна ви го привлекува вниманието, може да е јадење во омилениот ресторан или некое парче гардероба кое одамна го посакувате. Во текот на денот можно е да налетате на некои одложувања, но на крајот ќе бидете пријатно изненадени.

РИБИ
Вашата имагинација е незапирлива, ќе се чувствувате романтично и ќе сонувате будни. Прекрасен ден за да излезете и да се забавувате со сите кои ви значат. Не заборавајте да ги фотографирате среќните мигови. На овој ден долго ќе се сеќавате.

извор:netpres.kom.mk

To top