Радио Милева заљубени

„Те сакам до месечината и назад“: Тамара Тодевска со посебна порака му го честиташе роденденот на саканиот (фото)

„Те сакам до месечината и назад“: Тамара Тодевска со посебна порака му го честиташе роденденот на саканиот (фото)

Македонската пејачка Тамара Тодевска својата нова љубовна врска не ја крие, а  убавите моменти со  архитектот и дизајнер на ентериери, Лука Радовиќ, ги споделува пред сите со големо задоволство.

Пејачката не ретко објавува заеднички фотографии и видеа со саканиот, па така и сега на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави неколку кадри од прославата на неговиот роденден каде му упати и емотивна порака.

„Среќен роденден љубов, те сакам до месечината и назад“, напиша со цел да му го честита неговиот посебен ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Неговиот 31 – ви роденден тие го прославиле заедно со најблиските пријателите во еден скопски локал, каде пејачката со камерата за спомен евиентирала се, а дел од  атмосферата ја сподели и јавно на кратките приказни.

Таа ја  покажа декорираната роденденската маса и тортата со сребрени свеќички на која споеше пораката  „Среќен роденден Лука“.

Роденденот му го честиташе и сестрата на Тамара, пејачката и актерка Тијана која живее надвор од Македонија, па му напиша :

– Среќен роденден Луле. Засекогаш да бидеш среќен и насмеан како на оваа фотографија.

Како и да е, Тамара повторно потврди колку се среќни и заљубени до уши, а дека одлично си поминале нема сомнеж.

фото: printskrin.instagram/tamaratodevska

To top