Радио Милева таа е сепак главна

Боба Живојиновиќ: „Откако престанав со тенисот, иако јас го направив „Гранд“, цел живот сум само сопругот на Лепа Брена“ (ФОТО)

Боба Живојиновиќ: „Откако престанав со тенисот, иако јас го направив „Гранд“, цел живот сум само сопругот на Лепа Брена“ (ФОТО)

Боба Живојиновиќ и Лепа Брена денеска се успешни во бизнисите кои ги водат, а познато е какво чудо направија со продукцијата „Гранд“. Сепак, на почетокот не одеше сè како што беше планирано, а тоа Бобa го откри во своето интервју во емисијата „Што сум јас за тебе и кој сум јас за себе“.

„Ја основав „Гранд“ продукција за две недели, но тогаш веќе имав база со заработените пари. По неколку месеци ни изгоре студиото, сè што инвестиравме преку ноќ исчезна. И тогаш дојде кај мене Саша Поповиќ и ме праша што да правиме сега, а јас му реков дека ќе го направиме уште подобро и поголемо, што и се случи. Морам да му оддадам признание на Саша, тој направи одлична работа во медиумите“ – објасни Боба Живојиновиќ.

„И покрај се’, откако престанав со тенисот цел живот јас сум сопругот на Лепа Брена. Уште кога бев мал, мајка ми ми ја пшташе лепа Брена и јас така заспивав“ – се пошегува на своја сметка Боба.

„Жената е глава на куќата и Брена го знае тоа. Уживаме, се сакаме и почитуваме. По ова што се случи со короната, буквално поминувавме 24 часа заедно. Нашата врска стана уште посилна. Во бракот мора да има почит и компромис“ – објасни тој.

Фото: Инстаграм/bobazivojinovic_fan

To top