Има многу за правење наутро, а често немаме доволно време за тоа.
Дополнително, не нервираат гужви, премалку паркинг места, доцнење во јавниот превоз, деца кои тешко се будат и бавно се подготвуваат за на училиште, домашно милениче кое мора да излезе, кошула што треба да се пегла… Навистина не е чудно што 7:23 часот е најстресното време од денот.
Токму тоа го заклучиле научниците од Англија по истражувањето, кои прашале две илјади возрасни луѓе кога чувствуваат најголем стрес. А поради постојаните утрински стресови, кои влијаат и на нашата дневна продуктивност и го загрозуваат нашето здравје, пресметале дека е во просек 7:23 часот.
Сепак, во зависност од полот, има мало флуктуација во најстресниот дел од денот – жените најчесто наидуваат на првата пречка во денот малку порано од мажите, во 7:50 часот. Кај мажите, првиот стресен момент започнува само еден час подоцна, во 8:43 часот.
Покрај тоа што негативно влијае на менталното здравје, хроничниот стрес може да предизвика или влоши многу болести и состојби, вклучувајќи кардиоваскуларни болести, автоимуни состојби, дијабетес…
Постојат многу методи за ослободување од стресот кои се добри за учење и примена, а најважно е да разликуваме на што не можеме да влијаеме и да не се нервираме поради тоа.
Извор: Попара