За раководството на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и повеќе од добро познато е дека препирките и се почестите караници меѓу членовите на жирито продаваат, односно носат поголема гледаност.
Иако не се сценирани, расправиите понекогаш знаат да излезат од контрола како во случајот од минатата емисија кога Марија Шерифовиќ и Вики Миљковиќ влегоа во клинч поради македонскиот кандидат Омар Џафероски или поточно поради неговиот изглед и килограмите. Откако отпеаја и заврши дуелот меѓу Самед Џел и Омар Џафероски настана целосен хаос и жестока расправија меѓу Вики Миљковиќ и Марија Шерифовиќ.
Вики гласаше за Омар, по што прокоментира дека тој мора да ослабе пред следниот круг, Марија веднаш реагираше и настана тотална гужва.
-Омар, владееја тенки нијанси, со тебе почувствував подобра емоција. И во првото и во акапела пеењето. Но, сега ќе ви кажам една работа. Ако не ослабете до следниот круг… – рекла Вики, а Марија ја прекина:
-Тоа се вика дискриминација.
– Не, јас апсолутно ја поддржувам. Така е Вики – интервенираше и Ѓорѓе Давид.
-Цивилизациски не кажуваш така, престанeте да бидетер глупави, невоспитани и се останато. Можеби дечкото има здравствен проблем и не може да ослабе. Не си во право – одговорила Марија, додека Ѓорѓе постојано велеше дека Вики е во право.
– Само сакам да кажам дека има начини тоа да се спроведе во пракса. Значи, Омар, ако се чувствуваш добро во своја кожа, немој. И ако мисли[дека ќе се движите, дишете, пеете подобро, тогаш продолжи, кажа Марија.
Следеше општа дискусија, при што Вики цело време се обидуваше да добие збор.
-Добро, сакаш ли да ми дозволиш да кажам нешто? – рече Вики, а Марија не ѝ одговори веднаш:
– Нема, затоа што зборуваш глупости и тоа е безобразно. За тоа би одела во затвор во Америка, среќа што не сме таму. Ајде, однесете ја во тоа нејзино село.
– Престани, не си во право. Прво, да престане да ја навредува госпоѓица Марија – рече Вики, додека Марија налутено се замеша:
– Па вие го навредивте кандидатот на национална фреквенција. Што зборуваш будала?
– Ако на оваа бина застане 22-годишен дечко, кој ја работи работата што ја работи, кој колку што знам не е болен, нема ништо лошо со него. Тоа е многу нормално, здраво и правилно. Не треба да тргнуваме од тоа дека некој е болен, ви посакувам сите да бидете здрави, весели и среќни. Значи, треба да се потрудите да изгубите два-три килограми, бидејќи на таа возраст не треба да изгледате така – објаснила Вики, но Марија повторно бурно одговорила:
-Ќути, не зборувај. Бев на диета затоа што имам дискусхернија, а тоа што сум дебела мислиш дека поради некого би ослабела? О Боже, тоа ќе го оставам на помалку талентираните пејачки, биди слаб бидејќи не можеш да пееш, продолжи Марија.
Како и да е, Самед и Омар предизвикаа колективно воодушевување со добивањето на максималниот број гласови и изедначија на 6:6, по што следеше пеење.
Самед беше победник во настапот во акапела со резултат 4:2, додека талентот на Омар го привлече вниманието, па Саша Поповиќ на крајот реши да ги пушти директно двајцата натпреварувачи. Нашиот Омар вака или така редовно е во фокусот на вниманието, најчесто и разбирливо за своето одлично пеење, а сега и за изгледот.
Видеото од настапот и расправата погледнете ја од видеото на 41мин:42сек
фото:You Tube printscreen/ Zvezde Granda