Многу жени ги преферираат кратките нокти. Од една страна, се полесни за одржување и не се грижиш дали ќе се скршат и дали ќе бидат со различна должина. Од друга страна, не пречат кога се врши домаќинска работа. Не на последно место е и фактот, дека според тенденциите краткиот маникир го изместува долгиот.
Затоа подобрата вариајанта е да се залагате на куси нокти, а да ги направите да изгледат подолги и елегантни со неколку трикови.
Започнете со правилна грижа за рацете. Редовно хидратирајте ги и подхранувајте ги со крем за раце, затоа што така кожата околу ноктите не се напукнува. Освен тоа на тој начин ја потхранувате и самата ноктна плочка. Отстранувајте го вишокот на кутикулите, така ноктите стануваат визуелно подолги, бидејќи откривате повеќе место.
Кога ги оформувате со пила, подобро следете ја линијата на прстите. Тоа значи да првите заоблен или малку заострен маникир, наместо правоаголен.
Другиот важен услов за тоа ноктите ви да изгледаат подолги е да ја изберете соодветната боја за маникирот.
Најголем успех имаат лаковите со месо боја, како и посветлите пастелни нијанси, затоа што се слеваат со кожата на телото и прстите изгледаат подолги и тенки. За максимален ефект изберете лак за нокти, којшто е един тон посветол од тој на вашата кожа.
Од темните бои одговараат индиго синото, бордо или дури црно. Дреч црвеното исто е универзална боја за перфектен маникир, така што нема да згрешите, ако го изберете него. Оставете мала месечинка во горниот дел на ноктната плочка, за да изгледаат ноктите подолги.
Ако пак ви се допаѓа маникир со печат или убави шари, ве советуваме да изберете вертикални шари, мали точки или ситни цветчиња. Францускиот маникир може би најдобрата варијанта.
Избегнувајте го белиот лак за нокти и купувајте само лакови со дополнителен сјај.