ОВЕН
Ќе има пресврт во вашите односи со другите. Вашите професионални должности бараат да бидете сигурни во своите способности. Не се согласувајте да им позајмувате на пријателите, бидејќи ќе ги изгубите парите. Размислете внимателно за вашите постапки. Со одлучност си гарантирате успех.
БИК
Од утрото подгответе се за тешкотии. Немате тенденција да водите деловни разговори. На работа бидете фокусирани на обврските. Ќе мора да му помогнете на колегата, но размислете дали вашата помош ќе биде ценета и дали нема да ви се одмазди тоа што му подадовте рака.
БЛИЗНАЦИ
Работете активно ако се занимавате со бизнис или трговија. Бидете тактични и трпеливи за да ги направите вашите разговори и состаноци успешни. Среќата нема да ве придружива доколку се потпирате на другите. На работното место не се нервирајте, туку прифатете дека колегата сака да ве импресионира без да има знаење. Бидете попустливи.
РАК
Анализирајте што е постигнато во текот на месецот за да ги сфатите вашите грешки и да ги отстраните. Не се лутете на никого поради проблеми на работното место. Бидете подготвени за непријатности. Избегнувајте бурни забелешки, доколку видите грешка од колега. Внимавајте да не стекнете непријатели и да не ја изгубите помошта којашто ви е потребна.
ЛАВ
Полни сте со решителност и амбициозни да се докажете по секоја цена. На работното место, завршете ја задачата што сте ја започнале неодамна, иако не сте доволно активни. Анализирајте го постигнатото и бидете критични кон себеси за да ги сфатите сопствените недостатоци. Направете ги вашите планови за следните неколку дена.
ДЕВИЦА
На работното место сте самоуверени и ќе бидете спокојни доколку избегнувате комуникација со деловни партнери кои не се коректни со вас. Ќе уживате во успехот ако однапред размислите за вашите постапки. Вашите професионални должности бараат нови перспективи и брзи одлуки кои можете да ги разгледате и да ги спроведете веднаш.
ВАГА
Не оптоварувајте се со туѓи должности на вашето работно место. Вашата работа ќе ве оптовари ако не се грижите и не се обидувате да ги надминете своите можности. Покрај материјалните успеси кои ќе ве задоволат, подгответе се за непријателски озборувања. Денот бара да го опстојувате на своето мислење, но без агресија.
ШКОРПИЈА
Немојте да бидете премногу чувствителни на критики за да не го расипете расположението на вашите колеги. Со повеќе труд, успешно се справувате со своите обврски, дури и ако тие се неочекувани и итни. Бидете целосно фокусирани на вашата работа, бидејќи сте способни да направите грешки кои ќе влијаат на вашиот авторитет како професионалци.
СТРЕЛЕЦ
Бидете внимателни кога водите итни деловни разговори, доколку се закажани за денеска. Не се расправајте со колегите и не покажувајте агресивност доколку не се согласуваат со вашето мислење. И покрај напнатоста, ќе се носите со обврските и ќе ги нервирате завидливите на работното место.
ЈАРЕЦ
Не се расправајте на работното место и насочете се на вашите рутински обврски за да не ви создаваат проблеми со желбата за нов почеток. Имате шанса за материјален успех. Не е во ваша полза да го форсирате вашето мислење. Вашите нови идеи се реализираат доколку ја цените помошта од другите.
ВОДОЛИЈА
Ограничете ги средбите, зашто ќе имате запознавања кои дефинитивно нема да ви одговараат. Не се лутете поради туѓите грешки. Можеби ќе треба повторно да патувате за да ги посетите вашите роднини. Променете го односот кон вашите некоректни колеги. Бидете смирени дури и ако предизвикаат скандал.
РИБИ
Не расфрлајте ги тешко заработените пари. На работното место сте напнати и не сте особено активни поради неволноста да комуницирате со колегите и да разговарате за професионални прашања. Деловното патување ви гарантира можност да го проширите вашиот бизнис или да запознаете нови партнери.
извор:нетпрес.ком.мк