Во летниот период се намалува издржливоста на шминката, па затоа голем број дами ја исфрлаат од употреба.
Со употребата на крема за самопотемнување ќе добиете прекрасен потемнет тен, без да се изложувате на штетните УВ зрачења. Покрај тоа малку потемниот тен може да ги „камуфлира“ неправилнсотите на кожата. На тој начин ќе користите помалку шминка (пудра и коректор).
Ако сепак не сакате да ја потемнете кожата на овој начин и се одлучувате за шминка, тогаш потрудете се на нанесената подлога во вид на хидратантна крема да нанесете само тенок слој пудра во камен или во прав, за да не ја оптоварувате кожата повеќе од што е потребно.
Дневна шминка
Преку ден нанесете тенки слоеви сенки за очи, руменило со земјен тон и кафена или црна маскара. На усната задолжително е да нанесете сјај.
Вечерна шминка
Доколку сакате да ги истакнете очите, нанесете сива сенка на линијата на горните и долните трепки и црна маскара. На усните нанесете сјај. Доколку сакате спротивен ефект, односно да ги истакнете усните, нанесете црвен или бордо кармин и употребете молив за усни за една нијанса потемен. Во тој случај очите мора да бидат нашминкани благи, што ќе го постигнете со тенок слој сенка во земјени бои и кафена или безбојна маскара.