Живот и Стил

Седум правила за среќен живот

Седум правила за среќен живот

Сите знаеме дека здравите навики водат до долг и квалитетен живот. Сепак постојат уште неколку начини:

  1. Религиозните луѓе живеат подолго – Религиозните луѓе живеат шест пати подолго од атеистите. Научниците велат дека без разлика дали верувате во нешто духовно или политичко, тоа ќе ви помогне да се справите со стресот. Сите знаеме дека стресот е причинител за многу болести, токму затоа треба да го одбегнувате.
  2. Сексот е спас – Луѓето кои имаат сексуални односи помалку од еднаш месечно, имаат дупли шанси да умрат порано, за разлика од оние кои имаат сексуални односи два пати неделно.
  3. Оженете се – Оженетите мажи имаат помали шанси за срцеви болести, за разлика од оние кои не се во брак.
  4. Една чаша вино за подолг живот – Додека секојдневниот внес на алкохол во организмот го скратува животот, чашата вино го продолжува. Американските кардиолози сметаат дека една чаша црвено вино кај жените, а две чаши црвено вино кај мажите го намалуваат ризикот од срцеви болести.
  5. Дружете се – Блиските пријателства и квалитетните семејни односи го продолжуваат нашиот живот. Тие се наша емоционална потпора, ни помагаат да се справиме со стресот, што се одразува и на нашето стареење.
  6. Престанете да јадете кога сте веќе скоро сити – Жителите на Окинава, кои се населени на неколку острови во Јапонија имаат најдолг животен век. Причината за тоа е затоашто престануваат да јадат кога се 80% сити.
  7. Пејте секој ден – Научниците откриваат дека луѓето кои членуваат во некој хор живеат подолго, а причината за тоа е тоа што пеењето го намалува стресот. Затоа, памет во глава. Чашата вино во рака и уживајте со песната и пријателите за долг и здрав живот.

 

To top