Најпрво го ставате квасецот со водата млака, солта и шеќерот, промешувате и оставате да стаса околу 10 минути. Во брашното правите дупка го ставате маслото за јадење и веќе стасаниот квасец. Замесувате тестото убаво и готово е кога ќе исечете со нож да има во него како дупчиња ситни.
Состојки:
300 гр брашно
1 дл вода
1 дл масло за јадење
1 квасец
1 лажиче сол
1 лажиче шеќер
1 лажиче оригано
100 гр кечап
100 гр кашкавал
100 гр шунка
Подготовка:
Најпрво го ставате квасецот со водата млака, солта и шеќерот, промешувате и оставате да стаса околу 10 минути. Во брашното правите дупка го ставате маслото за јадење и веќе стасаниот квасец. Замесувате тестото убаво и готово е кога ќе исечете со нож да има во него како дупчиња ситни.
Го покривате со крпа и оставате да стаса околу пола саат. Тестото за пица го растегнувате и го ставате во претходно подмачката тепсија.
Пицата ја премачкувате со кечапот, потоа ставате оригано, па наренданиот кашкавал и на крај шунката. Печете во загреана рерна на 220 степени…Пријатен апетит
извор:kurir.mk
фото:Freepik