Јелена Карлеуша изминатиот период беше главна тема на медиумите, најмногу поради јавните навреди на сметка на нејзините колеги, кои ги споделуваше на социјалните мрежи, а сега продолжи во свој стил.
На страницата на Инстаграм посветена на споделување хумористични содржини, се појавија фотографии од Јелена Карлеуша со и без шминка.
Популарната пејачка која редовно тврди дека и се загрозени човековите права бидејќи се соочува со чести навреди на социјалните мрежи, сега го направи она што јавно го осудува во секоја изјава – ги навреди нсрпските познати личности.
Имено, Карлеуша збесна кога виде дека на некои актери и актерки, но и музичари им се допаѓа фотографија на популарна страница која со денови кружи на социјалните мрежи.
По тој повод се огласи Јелена Карлеуша која ги навреди актерите и музичарите.
„Тоа не се јавни личности, туку бедници и лицемерни г*мна, на кои ќе им дадам шанса да ми кажат во очи каков проблем имаат, кога ќе ги згазнам. Под услов да ги препознаам“, напиша пејачката на својот Инстаграм профил.
Фото:printskrin/instagram/karleusastar