Радио Милева „тука лежи зајакот“

Гавазова и Гиговска галамеа во пакет кај Жаре Бербер: И двете без мажите не одат на настап, а открија и зошто… (видео)

Гавазова и Гиговска галамеа во пакет кај Жаре Бербер: И двете без мажите не одат на настап, а открија и зошто… (видео)

Во најновото издание на „Галама шоу“, домаќинот Жаре Бербер имаше две атрактивни гостинки, едната ѕвезда од фолк сцената, а другата од забавната.

Прва наспроти Жаре седна Антониа Гиговска, а веднаш до неа се смести и Сузана Гавазова. Ред муабет, ред песна, гледачите имаа речиси еден час забава со едни од најактуелните пејачки од Македонија. Освен тоа што имаа можност да ги слушнат како пејат заедно и нивните вкрстени гласови, се свртеа и интересни муабети.

Жере беше оној што на ја начна темата за тоа дека девете се атрактивни, постојано околу нив има погледи, па се сети дека тие две можеби се единствените кои секогаш до себе ги имаат сопрузите.

Роберт секогаш е со Антониа заедно на сцена, бидејќи и свири клавијатури во бендот, а пак сопругот на Гавазова, Јасмин секогаш и прави друштво на настап и снимања како нејзина поддршка.

Антониа немаше што да потврдува, а Гавазова беше децидна за тоа дека е така, па оттука изведе и заклучот дека веројатно и кај двете тука лежи тајната за успехот на нивниот брак.

Жере задоволен од одговорот, а колешките слатко се изнасмеаја. За крај, гледачите беа почестени и со изведбата на хитот на Сузе „Бум, бум“ овој пат во дуетска верзија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

Јасмин веројатно беше зад камерите, а Роберт овој пат оправдано отсутен бидејќи во бендот свиреа други колеги зад Антониа.

фото:Instagram printscreen/ galamashow

To top