Вистинските совети доаѓаат од луѓе кои освен теоретскиот дел, на лице место тоа го покажуваат и со чист пример и лично искувство. А откако некој ќе го помине тој пат и ќе ги почувствува недостатоците кон успехот може да сподели и некој совет за другите.
Таква сигурност почувствува македонската позната ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков…
„Да се разбереме… “ отсечно започна таа откако претходно имаше подготвено подолг текст кој изобилува со совети за како да станете вистиски победници во животот.
Под фотографиите кои одбра да ги сподели со јавноста таа напиша:
– Не посакувајте да ви оди сè какао подмачкано
– Не посакувајте да ви тече мед и млеко
– Не посакувајте “космосот” да ви ги тргне непријателите и пречките од патот
– Не посакувајте од небо да ви падне совршен партнер, совршенa работа, совршен дом
Побарајте си “космосот” да ви даде сила и моќ мудрост и истрајнoст
– Посакајте да ви ги отвори очите да ја видите шансата
– Уши да ја слушнете надежта
– Итрост да ја откриете можноста
– Мудрост да ја совладате неизвесноста!
– Истрајност да ја издржите борбата!
– Пркос да се кладите на себе!
Оти победник се станува трчајќи по најтешката патека, качувајќи се на највисоката планина, преживувајќи ја наголемата бура
Никој до сега не прогласил победник некој што се спуштил на мазна, празна,чиста и лесна лизгалка..
Да се разбереме:
За лузерите се мечтаењата и очекувањата за победниците се борбите и исполнувањата.
View this post on Instagram
Додека на крај сепак заврши со прашална форма „Се разбравме?’.
Коментарите за кратко време почнаа да се редат и на нејзино задоволство сите беа потврдни:
– „Да шефе“, „Да! Јасно!“, „Капа доле!“, „Така е девојче“ – беа дел од потврдите коментари.
Но, едно е да се разбере, друго е во пракса… сепак убаво е да се знае како се станува вистински победник иако е тешко да се научи ако го немате тоа во себе.
Фото: printskrin/instagram/velkovsneze