Живот и Стил

Овие 3 навики се лоши, но покажуваат дека личноста е многу интелигентна

Овие 3 навики се лоши, но покажуваат дека личноста е многу интелигентна

Ако сте од оние луѓе кои цел живот биле осудувани за лоши навики, сега ќе имате добро објаснување за тоа. Имено, студиите покажале дека одредени навики, како што се правењето хаос, пцуењето и будењето доцна се карактеристики на интелигентните луѓе.

Ако сте од оние луѓе кои цел живот биле осудувани за лоши навики, сега ќе имате добро објаснување за тоа. Имено, студиите покажале дека одредени навики, како што се правењето хаос, пцуењето и будењето доцна се карактеристики на интелигентните луѓе.

Иако се тврди дека спиењето до доцна, пцуењето и нередот ги карактеризираат мрзливите луѓе, психолозите тврдат дека овие навики се показатели за остар ум и висока интелигенција.

Неуредност

Постои верување дека да се биде неуреден значи да се биде неорганизиран и затоа помалку продуктивен. Сепак, психолог од Универзитетот во Минесота открил дека луѓето кои имаат неуредни соби се поинтелигентни и имаат повисок коефициент на интелигенција. И навистина, тврди тој, кога вашиот ум се занимава со големи работи, грижата за нередот е последното нешто што ви паѓа на ум.

Уште повеќе, објаснува тој, неуредната соба значи дека сте многу креативна личност.

Будење доцна

Кога останувате будни до доцна и морате да станете рано за работа, тоа значи дека веројатно сте секогаш уморни и затоа другите ве доживуваат како мрзелив човек, без разлика колку работите во текот на работната недела или смена.

Всушност, вашиот деноноќен ритам функционира поинаку отколку кај другите луѓе. Она што е интересно е дека научниците пронашле врска помеѓу деноноќниот ритам на луѓето и нивните нивоа на интелигенција. Една студија објавена во списанието Psychology Today покажа дека луѓето кои остануваат будни до доцна навечер и се будат подоцна наутро имаат поголем коефициент на интелигенција.

Употреба на пцовки

Пцуењето како навика отсекогаш било на лош глас. Луѓето кои ги пцујат другите често се доживуваат како вулгарни и груби. Меѓутоа, студијата спроведена на колеџот Марис во Њујорк го покажува токму спротивното – луѓето кои често пцујат се поинтелигентни, имаат поширок речник и подобри реторички вештини.

Покрај тоа, тие се поискрени бидејќи пцуењето е поврзано со искрени емоции. Тоа значи дека оние кои пцујат веројатно ќе го покажат своето вистинско лице и ќе ги изразат своите вистински чувства.

извор:курир.мк

фото:Freepik

To top