Македонската пејачка Андријана Јаневска замина на патување во Лозана, Швајцарија.
Таа сподели фотографии со нејзините синови Димитар и Кристијан кои заминале заедно со неа, а во описот напиша:
„Поздрав од прекрасната Швајцарија“.
Но бидејќи таа освен што е музички талентирана исто така е и голем авантурист.
Па така, овој пат она што и го привлече вниманието беше патувањето со воз низ Швајцарија кое со задоволство го сподели со јавноста.
– Патување со воз низ Швајцарија… Поглед кој остава без здив! – стоеше во објавата која ја постираше на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
View this post on Instagram
Позитивната енергија се чувствува уште од далеку, а магичниот поглед од возот во кој уживале навистина маѓепсува.
Во позадина таа ја додала и класичната симфонијата „Winter“ , за комплетно да го долови целосното доживување.
– Патување со воз разгледница! – се надополни таа и во следната нова објава со која потврди дека навистина премногу се воодушевила.
View this post on Instagram
Дека пејачката ги наполнила батриите е повеќе од сигурно, а желбата за патување со воз низ убавата Швајцарија сега и е веќе остварена.