Живот и Стил

Дневен хороскоп: 15-ти Јануари 2024 година

Дневен хороскоп: 15-ти Јануари 2024 година

ОВЕН
Вашиот успех зависи од неодложни промени, но само доколку не ѝ пркосите на судбината и не ги почитувате нејзините барања. Фрустрирани сте поради тоа што не можете да ги заршите вашите задачи до крајот на работниот ден. Вашиот неодговорен однос кон задачите ќе ве доведе во неволја, без разлика дали сте вработени во приватниот или јавниот сектор. Бидете претпазливи.

БИК
На работното место уште еднаш ќе пожнеете успех и ќе заслужите зголемување на платата или нова позиција. Тешкотиите нема да изостанат затоа што имате тенденција да се откажете од работата наместо да попуштите. Бидете во хармонија со себеси и со вашите морални принципи.

БЛИЗНАЦИ
Не пропуштајте ги можностите за одлично изразување на вашите интелект и дарби. Должни сте да се заземете одговоно со задачите и без приговор. Тешкотиите кои воопшто не ги очекувате ќе станат уште една причина за вашата уште поголема активност и желба да се докажете и ќе успеете.

РАК
Не се расправајте со колегите без причина или само затоа што сте лути на некого и барате врз кого да го истурите бесот. Не обидувајте се да ги реализирате вашите планови без оглед на средствата. Обидите се неуспешни. Откажете се од нив и посветете се на службените обврски, кои ќе ви донесат успех доколку ги завршите навреме.

ЛАВ
Вашите професионални планови може да се променат во негативна насока, ако се препуштите само на вашата среќа или ја доверите вашата работа на колегите, кои можеби намерно нема да успеат наместо да помогнат, а потоа нивното оправдување ќе бида така поднесено, што вината ќе падне на вас. Слушајте ја вашата интуиција. Заштитете се од влошување на односите со вашите колеги и деловни партнери.

ДЕВИЦА
Бидете кооперативни со вашите колеги, деловни партнери и подредените. Во спротивно, нивното противење ќе биде причина, наместо успех, да доживеете стагнација, која нема да ви донесе никаква полза. Не е препорачливо да патувате. Од вашата флексибилност и практичност не зависат само нормалните односи, туку и понатамошното постигнување на вашите цели.

ВАГА
И покрај напнатоста во врската, денот ви ветува успех и заслужена висока оценка која носи признанија, кои се заслужени но предизвикуваат завист кај другите. Размислете дали да им помогнете на колегите или е подобро да не им подадете рака што нема да биде ценета. Одложете го планираното патување и зафатете се со задачите што треба да ги одложите до крајот на работниот ден.

ШКОРПИЈА
На работното место во ваша полза е да не бидете расеани и неодговорни кон обврските, да копате длабоко и да завршите важна задача која повеќе не дозволува одолговлекување. Деловните состаноци планирани за денеска се успешни доколку не критикувате и слушате. Без оглед на тешкотиите со кои се соочувате, искористете ги како уште една можност да заблескате пред колегите.

СТРЕЛЕЦ
Добро ви оди со задачите, но обидете се да ги завршите до пладне. Попладне ќе треба да се сретнете со колегите кои сакаат да им помогнете, но размислете дали тоа е во рамките на вашите можности. Вашето одбивање помалку ќе ги разочара отколку неостварената надеж. Ве притиска неподготвеноста да се потчините на новите прописи на работното место, од кои со некои не се согласувате.

ЈАРЕЦ
Реализирајте ги вашите професионални идеи и почнете да разговарате за планираните нови проекти. Оние кои се занимаваат со изградба и продажба на недвижен имот ќе жнеат успех. Предуслов за успех е да се потпирате на вашиот разум, а не на вашите чувства. Чувајте се од разговори за инвестиции, иако не ви е забрането да ги преземете.

ВОДОЛИЈА
Имате сила да ги надминете и најголемите тешкотии на вашиот пат, се разбира, доколку го земете во свои раце и си гарантирате иден професионален успех. На работното место одлично се справувате со итните службени задачи, но подобро е да ги одложите деловните состаноци и разговори за да се спасите од идните проблеми.

РИБИ
Проценете дали имате слободни средства за инвестиции за да избегнете загуби, како што ве предупредува судбината. Бизнисмените не треба да бидат искушувани од понуди за проширување или спојување на бизнисот што го развиваат, само затоа што сакаат да им бидат корисни на своите познаници. Вашите потфати ви носат успех, но на ваше изненадување, исто така и ризичните зделки.

извор:нетпрес.ком.мк

To top