Ако за Нова Година се изнагледавме многу светкави празнични стајлинзи од познатите Македонки кои се потрудителе за секој детаљ на себе за најлудата ноќ, актерката Јелена Јованова – Периќ се водеше од спротивното.
За Јелена новогодишната ноќ кога е во прашање стајлингот и крајниот ефект од истиот, се водеше по правилото помалку е повеќе.
View this post on Instagram
Па така, за секси Јеленче за совршен поглед и здравица од Новата беше слабата светлина од затемнета просторија на која контраст и правеа новогодишните сијалички.
Место каде тие требаше да стојат во просторот или само на момент заради фотографија, беа нејзините нозе. Седната на подот со мрежести црни хулахопки и чаша вино во раката.
За свој мерак, баш така и годеше мистичната сцена со доза на еротика која таа совршено ја изведе, налик на поза од списание.
Синчето веројатно веќе беше во сон, а таа сама или во друштво на сопругот си направи токму онака како што си посакуваше и и’ одговараше. Она следното во привите моменти од 2024 година останува како нешто сосема лично…!
фото: Instagram printscreen/ jelenajovanovaperic