Уште одамна се верува дека неговите иглички ја ублажуваат болката, па луѓето оваа билка ја ставале директно на раните.
Ви го предложуваме маслото од рузмарин како домашен лек против целулитот.
Есенцијалното масло од рузмарин, кое можете да го купите во речиси сите аптеки е диуретик кој помага во исфрлање на вишокот на вода во телото. Познато е дека ја зголемува циркулацијата на крвта и го забрзува метаболизмот.
Бидејќи целулитот е резултат на насобрани масти и течности заробени во кожата, нивното исфрлање е најважно.
За најдобри резултати, пред масирање најпрвин малку загрејте го маслото, бидејќи топлината ги отвара порите, па активните состојки навлегуваат подлабоко во кожата. Потоа со кружни движења масирајте ги деловите зафатени со целулит барем еднаш во денот.
Старите Грци оваа билка ја посветиле на божицата Афродита. Унгарската кралица Елизабета ја користела за подмладување, а денес не знаејќи ги нејзините лековити својства најчесто се користи како декорација за свадби. Уште одамна се верува дека неговите иглички ја ублажуваат болката, па луѓето оваа билка ја ставале директно на раните.
Рузмаринот помага кај слабокрвноста, особено кај децата, го подобрува апетитот и расположението, ја подобрува работата на желудникот, нè смирува и го победува стравот. Исто така, ги намалува менструалните болки и го регулира нередовниот циклус. Чајот и облогите од рузмарин ја смируваат главоболката која се јавила поради стрес.
извор:курир.мк
фото:Freepik