Пејачката Марија Шерифовиќ својата улога како родител ја реализира пред 10 дена кога доби син со помош на сурогат мајка на кој му го даде името Марио.
Таа го оствари својот голем сон на кој работеше во строга и голема тајност. Освен нејзината мајка Верица, за тоа знаеле само нејзините најблиски пријатели.
За најважната улога во животот и честитаа бројни познати личности, а многумина забележаа дека честитката и недостасува на поранешната пријателка на Марија, Јелена Карлеуша.
– Се уште не сме се слушнале, но планирам да и се јавам и да и честитам. Знаев за нејзиниот план многу пред тебе и пред таа да го објави, но јас сум од оние луѓе кои дури и кога е лута не би кажала ништо. Еве, јавно да и честитам. Знам дека ќе биде прекрасна мајка и знам колку го сакаше тоа, а Верица ќе биде прекрасна баба. Верица заслужи да добие внук и да ужива во тоа – изјави Карлеуша.
фото: Instagram printscreen/ karleusastar/ serifovic
serifovic