Пејачката Љупка Стевиќ вели дека сака мажи во униформа, но веќе не сака генерали.
– Луѓето мислат дека мажите во униформи престанаа да бидат фини со мене по хаосот што ми се случи со генералот, со кој поради неверство го искршив автомобилот. Сепак, вистината е поинаква. Сè уште ми се допаѓаат оние во униформа, а ако е можно, убаво е да биде полициска! И порано имав проблеми во врските, но не ја изгубив вербата во љубовта. Никој не треба да ја изгуби, важно е само да продолжиме – кажала пејачката и додала:
– На жената и е важно да биде своја и независна, а момчето со кое ќе влезе во врска е само надополнување на се. Не треба да бараме партнер и да мислиме дека тоа ќе не исполни во животот. Не функционира тоа така, а околу мене имам примери на жени кои мислат дека мажот им ги решава сите проблеми. Тоа не е точно и добро е што повеќе да се зборува на оваа тема.
Пејачката неодамна изјави дека се сожалува самата себе си од тој период, кој пак ја изградил како посилна личност.
– Доживеав пад, но не знаев дека сум таква лавица, станав посилна, одговорна сум, се што ми се случи ми донесе и многу добри работи.
Фото: Printskrin/Instagram/ljupkastevic