Победничката на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ пред неколку дена се појавила како изненадување на една роденденска забава, а славеничката завршила во солзи откако пејачката влегла во ресторанот.
Имено, како што дознавме, пријателите на девојката која неодамна го прослави роденденот сакале да ја изненадат салавеничката и ја поканиле Џејла, која веднаш прифатила.Подготвиле се во најголема тајност, а кога Џејла се појавила во ресторанот, девојката која го славела роденденот бликна во солзи.
Ова видео ги преплави сите социјални мрежи, а девојката која славела таа вечер се огласи и јавно и се заблагодари на Џејла за се.
„Луѓе мои, оваа девојка, не можам да ви опишам со зборови, е како ангел што оди. Глас, убавина, стас, толку е мила и убава, неверојатна“ – напиша таа заедно со видеото од прославата.Како изгледаше ова изненадување погледнете во видеото подолу.