Живот и Стил

Дневен хороскоп за вторник, 12-ти декември 2023-та година

Дневен хороскоп за вторник, 12-ти декември 2023-та година

ОВЕН
На деловните состаноци бидете тактични, не критикувајте и доколку е потребно изберете ги вистинските зборови. Стабилизирајте го постигнатото на работното место. Не давајте ветувања за нова активност, дури и привремена, бидејќи ќе претрпите финансиски загуби. Не обидувајте се да започнувате разговари со вашите блиски. Бидете смирени, доколку ве налутат.

БИК
Пред вас се отвора уште една можност да започнете нова активност. Размислете дали имате доволно слободни средства, доколку инвестирате во приватен бизнис. Имате можност да создадете успешни нови деловни партнерства, а денеска ќе запознаете некои од вашите идни партнери.

БЛИЗНАЦИ
Повторно сте во вашата врвна позиција и време е да размислите како да ги промените вашите должности и да додадете нови, осмислени, профитабилни, интересни и разновидни. Здодевноста ви наштетува. Потпрете се на вашата интуиција и не верувајте во советите однадвор. Вие најдобро знаете како да успеете денеска.

РАК
Наместо да го трошите вашето време како терапевти за нечии болести или ментални нарушувања, иако не можете да помогнете, дури и ако ги слушате колегите, подобро продолжете со работните обврски. Не дозволувајте да ви попречуваат на вашиот пат. Одговорниот однос кон работата и целосната концентрација се во ваша полза. Бидете умерено дарежливи за да избегнете финансиски загуби.

ЛАВ
Никој не може да ви ги попречи плановите доколу вие самите не ги урнете. Во ваша полза е да барате можности да се покажете на ново професионално поле и да направите профитабилна инвестиција. Сериозно се занимавате со решавање на спорови и тужби, како и со разјаснување на деловните односи.

ДЕВИЦА
Ќе жнеете успеси во материјална смисла, доколку добро сте размислиле за потфатите. Излвечете поуки од грешките. Вашето добро расположение е важно во деловните разговори. Водете ги разговорите и со вашите претпоставени и со колегите. Слушајте ги нивните предлози и согласете се со нив доколку се во ваша полза.

ВАГА
Трпението и компромисот во односите, дури и со оние што ве иритирааат, ви носат полза и почит. Среќата е со вас, особено доколку ви биле зададени нови задачи. Ако треба да имате итни разговори со деловните партнери, одложете ги за попладнето. Ако, пак, имате спор со колегите без особена причина, вие самите си ги намалувате шансите за успех.

ШКОРПИЈА
Денот ви ветува успех на сите професионални полиња, но особено ќе бидете успешни доколку сте адвокати, банкари или сметководители. Внимавајте на неочекувани средби. Ласкачите се обидуваат да ве убедат да ги вложите сите ваши заштеди во профитабилен заеднички бизнис. Не попуштајте.

СТРЕЛЕЦ
Внесете хармонија во односите со вашите деловни партнери. Не оптоварувајте се со туѓи обврски. Вашата воздржаност и тактичност ќе бидат ценети, а вашата доверба и авторитет ќе растат. Доколку го избегнувате негативното влијание на вашите завидливи колеги на рабното место и не вложувате набрзина и тврдоглаво, ве очекува финансиски успех.

ЈАРЕЦ
Запознавањето кое не ви се допаѓа на прв поглед, е знак дека е време веднаш и без двоумење да ја прекинете комуникацијата со оние луѓе кои не сте ги барале вие, туку тие ве пронашле. Интуицијата ве штити од неуспеси на работата. Вашите намери да постигнете професионален успех се реални. Не се откажувајте од сонот и бидете активни денеска.

ВОДОЛИЈА
Снаодливоста и трезвената проценка на она што се случува ќе ви овозможат уште во првата половина од денот да заблескате пред колегите, со брзата одлука која ви користи. Имате одлична шанса да го постигнете вашиот професионален успех за кој мечтаете. Иницијативите се успешни доколку не брзате и вашите постапки се врзани за правилните одлуки донесени претходните денови.

РИБИ
Во професионалните односи успехот е со вас, доколку е поврзан со планираните големи промени во вашата канцеларија или компанија. Тие не можат да ве спречат да го постигнете тоа. На работа жнеете успеси кои ги нервираат вашите колеги. Немаат желба за активна работа. Во личните односи можни се проблеми поради неочекувани барања за набавки.

Извор: Нетпрес
To top