Живот и Стил

Дневен хороскоп за сабота, 9-ти декември 2023-та година

Дневен хороскоп за сабота, 9-ти декември 2023-та година

ОВЕН
Не се задржувајте премногу на неважното. Доколку го прифатите овој совет, полесно ќе се справите со вашите задачи. И сè ќе биде како што сакате. А, можеби, има и нешто друго што го посакувате. Биди трпеливи. Домашната атмосфера ќе ви донесе мир и самодоверба. Некои од вас ќе започнат нова работа.

БИК
Многумина од вас денеска претпочитаат да чекаат поповолен момент за активно дејствување на работното место. Иако мислите дека вашите работи се во застој, тоа воопшто нема да биде случај. Вашата заедничка работа со колега со кој досега не сте соработувале ќе ве натера посериозно да размислите за работите што би можеле да ги правите.

БЛИЗНАЦИ
Бидете отворени во односите доколку барате реципроцитет и мир. Изразувајќи се јасно и отворено, ќе се поштедите од недоразбирања и идни грижи. Не сте сами во вашите тешкотии, околу вас има луѓе кои своеволно ќе го споделат вашиот товар, сè додека свесно не се дистанцирате од нив. Решавање на станбено прашање.

РАК
Динамиката денеска ќе ве поттикне да преземете соодветни активности за да ги исполните очекувањата и да ги исполните вашите намери. Новите барања ќе ве доведат до различни мисли, во кои место ќе најдат и вашите желби. Сомнежите ќе ве натераат да барате повеќе докази за поддршка на една или друга теза.

ЛАВ
Вашите прелиминарни планови може сериозно да се променат. Не штедите напори и се трудите да ги задоволите вашите и очекувањата на луѓето околу вас. Бидете подготвени на компромиси на личен план. Ќе биде тешко понекогаш, но вложениот труд тоа го заслужува. Не барајте премногу од вашите најблиски.

ДЕВИЦА
Вашите работи ќе се развиваат според планот и ќе продолжите да бидете задоволни со себеси. Службените обврски нема да ве оптоварат, напротив. Со волја ќе работите за свој интерес и за интересите на вашите партнери. Ова ќе ви донесе материјална корист и ќе ви ги подобри работните и животните услови.

ВАГА
Дозволете си доволно време да размислите за многуте идеи што ги разработувате до детали. Голем дел од нив се поврзани со реновирање на домот и внатрешното уредување, за некои од вас, пак, со деловна или професионална и креативна кариера. Какви и да се, тие сигурно ќе го одржат вашиот дух свеж и фит.

ШКОРПИЈА
Направете си го денот разбообразен со спортски или други пријатни активности кои ќе ве оддалечат од мислите на секојдневниот живот. Реласирајте се вечерта во спокојна средина. Ве очекува изненадување. Веста што со нетрпение ја очекувавте ќе ве задоволи. Вашата одлука да преземете туѓи обврски не е баш најдобра и наскоро ќе го сфатите тоа.

СТРЕЛЕЦ
Имате преголеми очекувања од луѓето околу вас. Секој има свој живот и не треба да натерате никого премногу да се занимава со вас. Вашето трпение ќе ја зголеми нивната почит и ќе ви помогне да се ослободите тензијата што ја носите. Вечерта е погодна за гости. Поканете некого или самите посетете некого.

ЈАРЕЦ
Денеска сте исклучително отворени, но и покрај вашата искреност нема да бидете задоволни од реакциите на луѓето кога ќе одговорат на вашите забелешки. Размислете за подипломатски пристап, кој само ќе ви биде од полза. Вашата работа напредува, но во иднина ќе мора да вложите уште повеќе напор.

ВОДОЛИЈА
Вашите намери се поволни и ви даваат добар почеток во претстојниот потфат. Не се противете да преземеш одговорност за соодветната сатисфакција. Избегнувајте судири од секаков вид. Сега помалку од кога и да е ви се потребни такви емоции. Добрите односи дома ќе овозможат да се донесат важни одлуки.

РИБИ
Ќе го удвоите вниманието на одредена задача за да не мора повторно да се навраќате на неа. Немате преголеми очекувања од никого и се потпирате првенствено на себеси, па затоа победите ви се послатки. И денеска тешкотиите нема да ве одвратат од иницијатива за која сте се подготвиле.

Извор: Нетпрес
To top