Живот и Стил

Кој е најчестиот проблем кај децата и како да им помогнете?

Кој е најчестиот проблем кај децата и како да им помогнете?

Пелтечењето е проблем со кој се соочува 1% од населението. Тој се карактеризира со повторување на звуци, истегнување на слогови или други проблеми со говорот.

Поимот пелтечење опфаќа различни проблеми со говорот како:

  • Повторување на звуци (м…м…м…мама) или слогови (ма…ма…ма…мама).
  • Истегнување на звуци (ммммммммама).
  • Проблеми со изговарањето на одреден звук или збор.
  • Избегнување на изговарањето на одредени зборови или нивно изговарање до половина.
  • Целосно одбегнување на зборувањето.

Пелтечењето најчесто се појавува во детството, во периодот помеѓу 3-та и 7-та година. Во 40-80% од случаите, пелтечењето исчезнува во периодот на адолесценција. Кај возрасните пелтечењето најчесто е резултат од несреќа или психолошки проблем.

До ден денес сè уште не се јасни точните причини за појавата на пелтечење. Истражувањата покажуваат дека мажите се посклони кон пелтечење за 3 пати повеќе од жените и дека шансите да се здобиете со овој проблем се зголемуваат за 20%, ако ваш близок роднина има проблеми со говорот.

Некои експерти веруваат дека некои луѓе имаат генетски предиспозиции кон пелтечењето, но не знаат што го предизвикува тоа. Според други, пелтечењето е резултат на комбинација од фактори.

Пелтечењето кај децата може да биде фрустрирачко како за детето, така и за луѓето од неговата околина. Многу често децата со ваков проблем се исмејувани и ја губат самодовербата.

Вие можете да му помогнете на вашето дете да престане да пелтечи или да не се развие пелтечење. Следете ги следните совети:

  1. Посветете му повеќе внимание, разговарајте во опуштена атмосфера каде што детето нема да има потреба да надвикува други луѓе;
  2. Дајте му време за да се искаже и не го прекинувајте;
  3. Седнете на подот за да сте на еднакво ниво со него и гледајте го право во очите дури и кога пелтечи;
  4. Забавете го вашиот говор и почекајте неколку секунди пред да одговорите, за детето да знае дека може да го направи истото;
  5. Употребувајте кратки и прости реченици;
  6. Однесувајте се кон детето на начин, на кој тоа нема да чувствува дека има проблем.
To top