Радио Милева неуредно и нечисто

Ана Николиќ има „безобразно“ скап стан, но несреденоста често го расипува впечатокот (фото)

Ана Николиќ има „безобразно“ скап стан, но несреденоста често го расипува впечатокот (фото)

Зградата во која живее пејачката Ана Николиќ се наоѓа во центарот на Белград.

Пејачката живее во луксузен стан со својата ќерка Тара, а се проценува дека станот вреди околу половина милион евра, пишуваат локалните медиуми.

Ана се одлучила за комбинација од пастелни нијанси и нежни бои, па доминираат посветли тонови, а целиот мебел и детали се во бела, розова и крем боја.

Во дневната соба има огромен камин, на кој има и плазма телевизор. Станот има многу украсни детали и книги, а во ходникот се наоѓа и голема гардероба. Собата на малата Тара е во розови тонови, а  на таванот е  насликано небото. 

Николиќ се пофали и со својата омилена соба, огромната гардероба со големи огледала. Топлото катче се обиде да го задржи во тајност, но да потсетиме дека станот на Ана првпат се виде на мрежите, кога ја сними малата Тара, која потоа се маскирала во нејзината мајка. Девојчето прво ги земала очилата за сонце, а потоа и штиклите и чантата на пејачката.

– Која си ти – ја праша Ана Тара, а нејзината ќерка веднаш одговори:

– Јас сум Ана Николиќ – рекла Тара.

Како што можеше да се види на видеото, во станот на пејачката владееше тотален хаос, па можеше да се видат отпадоци од храна до креветот, пепелникот на креветот и марамчиња расфрлани по подот.

Исто така, кога имаше видео снимки од нејзиното лице со рани, медиумите ја посетија зградата во која живее, а потоа беше снимен целосен хаос на терасата, која беше несредена, со фрлени работи наоколу.

Фото: Принтскрин/Instagram/ananikolicofficial

 

 

To top