Како и секогаш декември е резервиран за новогодишно украсување на топлите домови, а во тој студен зимски месец украсите го креваат празничното расположение, но секако најзабавно и најинтересно им е на најмалите членови во семејството.
Актерката Емра Куртишова Стојанова која на публиката и стана позната по нејзината улога на Исаура во серијата „Преспав“, неодамна ја сподели радосната вест дека таа и нејзиниот сопруг и колега Петар Стојанов го проширија семејството и ја добија ќеркичката Лена.
Тие двајцата сега за прв пат ќе ја дочекаат Новата Година во улога на родители.
Па така на убавата наследничка, меѓу првите, побрзаа да и подготват празнична атмосфера но, на мошне креативен и необичен начин.
Овој пат Емра во тој празничен дух, сподели две преслатки фотографиии, од кои едната беше со елката од нивниот дом, и беше украсена со еден лампион на кој стоеше испишано името за кое тие се одлучија и му го дадоа на слаткото девојче, Лена.
Додека на другата беа само рачињата на малечката кое сега е најголема инспирација на актерката за се’ што е убаво и весело.
Лена иако е малечка, веројатно се израдувала на убавиот лампион, кој ќе и остане како убав спомен од нејзините родители, а кога ќе порасне голема девојка со задоволство ќе го чува во кутијата полна со новогодишни украси.
Фото: Printskrin/Instagram/emra.kurtishova