ОВЕН
Ризикувате да ви биде здодевно ако посветите премногу внимание на малите проблеми кои ве придружуваат. Чувствувате силна потреба за повеќе разновидност, за нови емоции и интереси. Обновете ги контактите со пријателите од минатото, среќавајте се со луѓето коишто ве сакаат. Така ќе се чувствувате во сопствените води. Можни се промени на работното место.
БИК
Вашиот позитивен став кон предизвиците ви помага да ги цените можностите и да ги искористите. Со вашите конструктивни одлуки, ќе бидете корисни не само за себеси, туку и за другите луѓе, па да се биде во добра форма е едноставно императив. Професионалните и личните обврски ќе ви донесат замор, но и задоволство.
БЛИЗНАЦИ
Семејната прослава околу вас ќе собере многу роднини и пријатели. Планираното патување може да биде одложено. Ќе бидете опкружени со пријатни луѓе од кои ќе научите интересни работи. Најдете време за спортување. Може да се појави мала причина за размислување, но брзо ќе ја надминете.
РАК
Од утрото ќе бидете расположени и добронамерни кон другите, што многу ќе ви ги олесни сите контакти. Не се разочарувајте ако има несовпаѓање помеѓу вашите очекувања и она што всушност се случува. Филозофски прифатете ги неволјите и продолжете понатаму. Вести од најблиските.
ЛАВ
Ви претстојат состаноци за вашиот бизнис, чии резултати ќе зависат од вашето наметливо однесување и држење. Застанете во одбрана на вашите интереси, без оглед на околностите. Важна улога во вашиот живот ќе има личност која никогаш не покажала дека тоа го сака. Сепак, ќе мора да се придржувате до тоа.
ДЕВИЦА
Денеска креативно ќе пристапите кон своите обврски, користејќи имагинација и нов пристап кој ќе даде резултати. Со добро завршена работа, ако ништо друго, ќе добиете повисока плата. Меѓутоа, ако наидете на избегнување одговор од вашите претпоставени, не губете срце, очигледно сте ги натерале да размислуваат во ваша полза.
ВАГА
Различните мислења за заедничко прашање ќе ве натераат да заземете поцврсти позиции во одбрана на вашите интереси. Покажете се подготвени и со добар однос кон другите, ова ќе ја сврте вагата во ваша корист. Ќе си ја вратите силата по здравствените тегоби и нема да ви недостига енергија за сѐ што ќе посакате.
ШКОРПИЈА
Денеска ќе можете да се одморите во пријатна средина. Некои од вас добиваат шанса да посетат интересно место и да запознаат нови нешта. Запознавате личност која ќе ви го привлече вниманието од самиот почеток. Бидете потрпеливи доколку сакате да го оставите посакуваниот впечаток.
СТРЕЛЕЦ
Дознајте што ве интересира најмногу во овој период од вашиот живот и фокусирајте ги вашите приоритети таму. Вашата заедничка работа со деловните партнери ќе продолжи, придвижувајќи заеднички проект. Бидете трпеливи со нивното мислење и ќе заработите повеќе.
ЈАРЕЦ
Флексибилен и интелигентен пристап ќе ве издвои од вашите конкуренти. Уште повеќе, некои од нив ќе ги претворите во партнери. Бидете толерантни кон оние на кои им недостасуваат силните страни, помогнете им да веруваат во себеси. Останете дарежливи и продолжете натаму. Случајната средба ќе донесе расположение и романса вечерта.
ВОДОЛИЈА
Фокусирајте се на вашите лични обврски и не се одалечувајте од работата. Слушајте го советот на саканата личност и добро одморете се. Не преземајте премногу активности одеднаш, иако и да го направите тоа, веројатно ќе се снајдете.
РИБИ
Повеќето од вас ќе имаат бурен ден. Ќе ги завршите важните задачи, ќе ги средите вашите работи со другите или ќе се подготвувате за патување. Ќе има и нешто што ќе ве израдува, нечиј успех или материјална награда, но во секој случај ќе биде споделена со роднините и пријателите. Вашата великодушност кон другите се враќа.
извор:нетпрес.ком.мк