Некои од нив ги збришале климатските промени, а некои се резултат на директна човечка глупост.
Една од работите која ги шокира луѓето кога се во прашање климатските промени, земјотреси и ерупции е тоа што светот околу човекот е ранлив и променлив.
Климатските промени, како најголемата опасност по животот на Земјата покажуваат дека светот е ранлив. А дека е променлив, освен геолошките процеси кои се мерат во милиони години, докажуваат и примерите од “National Geographic” преку 10 природни чуда кои ги паметиме, а повеќе не постојат.
Популарната плажа со црн песок постои само во сеќавањата откако на почетокот на 20-от век бавниот тек на лавата од вулканот уништил 150 домови и самата плажа.
Климатските промени, како последица на глобалното затоплување на планетата, подразбираат и распуштање на половите и подигнување на морето, а тоа значи и потопување на ниското земјиште. Минатата година исчезнале пет острови од оваа група на острови.
Тунелите од црвени карпи со децении ги воодушевуваа туристите сè додека не се срушил еден од нив.
Повторно дело на климатските промени. Она што пред 20 или 30 години се сметаше за “вечен мраз”, сега се распаѓа. Ледениот гребен Ларсен Ц, сместен на Антарктик, денес станува сè помал.
Илјадници години му биле потребни на морето за да го создаде овој варовен прозорец на брегот на Малта. Истото тоа море го сруши ова природно чудо во март, оваа година.
Џиновската секвоја постоела илјадници години и постојано привлекувала туристи уште од 19-от век. За жал, силната олуја која го зафати овој регион во јануари ја уништи оваа знаменитост.
Долги години, ова дрво беше дефинитивно рекордер во најизолираното дрво на светот. Тајната била во тоа дека дрвото е единствениот “преживеан” од групата на стелба кои одамна растеле на овој простор. Ова дрво е уништено во 1973 година од страна на пијан возач од Либија.
Името во превод значи “Божји прст”. Карпата се срушила на 4-ти декември 1988.
Национален парк 12 Апостоли, Австралија
Денес постојат осум карпи, а последната, поради ударот од морето, настрадала во 2005 година и тоа пред очите на туристите.
Старецот од планината, Њу Хемпшир
Карпата која потсетува на човечки профил не постои од мај, 2003 година.