Радио Милева се пронајдоа...

Распеани и прегрнати во кафеана: Ламбе Алабаковски и Стефан Лазаров од тајната што ја открија и самите се изненадија (фото)

Распеани и прегрнати во кафеана: Ламбе Алабаковски и Стефан Лазаров од тајната што ја открија и самите се изненадија (фото)

Јутјуберот Стефан Лазаров замина во Љубојно и од таму го најави својот нов проект  за кој како што кажа одамна не се почувствувал толку исполнето и верува дека на сите ќе им се допадне.

Лазаров со камерата од мобилниот телефон гордо ја сними природната убавина наоколу со цел да покаже дека  во Македонија има прекрасни места кои треба да ги чуваме.

 

Сепак покажа и како ние (не) си ја негуваме историјата и нашите вредности снимајќи го руинираното училиште „Петар Влахов“,  оставено на забот на времето иако е второ во Македонија во кое што македонскиот јазик бил службен .

Но, она што ги изненади следбениците е дека обајцата токму во родното Љубојно на Ламбе Алабаковски се сретнале и заедно заминале во кафеана каде расположени запеале македонски песни.

А,  токму од оваа дружба,  излезе на виделина и една тајна која тие за прв пат ја открија и гордо ја споделија со јавноста каде Стефан напиша:

„Замисли блиски роднини, а животот дури сега не спојува и тоа во родното село на мојата баба… Така требало да биде“.

Веднаш на фотографијата го тагна и Ламбе , а потоа и пејачот ги сподели убавите моменти.

Покусо не останаа ниту нивните следбеници кои изненадени од веста ја споделија и на нивните Инстаграм профили, а некои и коментираа дека и двајцата се македонски легенди.

Животот редовно не изненадува, а пронаоѓањето на своја крв, близок роднина  е големо задоволство за секого, па иако на многумина досега им се има случено да се пронајдат,  поради темпото во кое што живееме, сепак при ваквите средби и откритија, секогаш е интересно и возбудливо.

 

Фото: Принтскрин/Instagram/_lazarovv/lambealabakovski

To top