Пробајте ги овие четири видови на чаеви против анемија и подобрете ја крвната слика со нивна помош…
Бледа кожа и слузокожа се видливи дури во тешките случаи на анемија. Главно нејзините симптоми се прилично нејасни и неприметливи. Погодените се жалат на општа слабост и непријатно чувство. Со терапијата која ја препишува лекарот добро е да се пијат и одредени чаеви.
Анемијата или намалувањето на бројот на крвните зрнца, може сериозно да го наруши квалитетот на животот, а во тешките случаи да доведе и до потешки компликации. Затоа секогаш мора да се лекувате според упатствата на докотрот. Меѓутоа, лекувањето на анемија предизвикана од недостаток на железо ќе биде поделотворно со овие билни чаеви. Некои од нив можат да помогнат во создавањето на залихи од железо во организмот.
Чај од зимзелен
30 грама суви листови зимзелен сварете ги една минута во литар вода, оставете да отстои 15 минути, потоа процедете. Пијте 2 шољи чај два пати дневно помеѓу оброци.
Чај од ореви
20 свежи листови од орев варете ги во литар вода 15 минути, потоа процедете. Пијте една шоља чај пред оброк два пати дневно.
Чај од рен
20 грама корен од рен сварете го во литар вода околу 20 минути. Оставете да стои преку ноќ. Процедете. Пијте две шољи чај дневно помеѓу оброци.
Чај од бела коприва
25грама суви врвови од цвет од коприва ставете во литар зовриена вода. Оставете да стои 10 минути а потоа процедете. Пијте 2 шољи чај на ден помеѓу оброци.