Живот и Стил

Банани за појадок? Еве зошто треба да ги прескокнете

Банани за појадок? Еве зошто треба да ги прескокнете

Сигурно веќе знаете дека појадокот е најважниот оброк во денот, и за да не го пропуштите, многумина од вас кога се во брзање веднаш посегнуваат по банана. Колкупати и сте слушнале дека ако не стигнете да појадувате, треба да изедете барем една банана за да не бидете гладни? Изгледа дека овој совет, иако е широко распространет, воопшто не е добар за вашето здравје.

Нутриционистите предупредуваат дека иако бананата изгледа како совршена опција за брз појадок, таа е далеку од тоа. Ако јадете само банана, без ништо друго покрај неа, вие одбирате храна што содржи 25% шеќери. Таа исто така е и умерено кисела, што воопшто не е добро за утрата.

Најдобриот начин да го започнете денот е со појадок што ги согорува маснотиите, односно што ќе ве направи доволно енергични за да издржите до следниот оброк. Иако бананите ќе ви дадат краток набој на енергија, вие брзо ќе почнете да се чувствувате уморно и уште погладно од претходно. Тие се подобар избор за ужина отколку за цел оброк, бидејќи сами по себе не се доволни за започнување на денот.

Чувството на умор и глад по јадењето банана за појадок може да се спречи ако го комбинирате ова овошје со храна што е полна со здрави маснотии, како авокадото. Исто така, со оглед на тоа што бананите спаѓаат во групата кисела храна, вие треба да ја неутрализирате нејзината киселина со цел да ги добиете добрите придобивки што нуди, како што се калиумот, хранливите влакна и магнезиумот – а не само шеќерот што ви дава краткотрајна енергија.

извор:попара.мк

фото:Shutterstock

To top