Апчињата за контрацепција се супер оружје за жените кои не сакаат да останат бремени, како и за оние кои имаат проблеми со хормоналната нерамнотежа и промените на расположението.
Сепак, експертите предупредуваат дека е опасно да ги чувате во ормарите или други места во бањата.
Некои луѓе го чуваат својот лек во кујната, но повеќето го чуваат во кабинетот над мијалникот во бањата, што може да биде крајно опасно кога станува збор за овој вид таблети, а одговорот лежи во ефектот на влагата врз ефектот на лекот.
Влажноста и влагата од бањата може да ги променат компонентите во пилулата, што ја прави помалку ефективна, па затоа треба да се чува на ладно и темно место, пишува Mirror.
Извор: Попара.мк