Иако е важно да останете хидрирани и да консумирате минимум два литри вода дневно, сепак водата не треба да ја пиете додека јадете.
Имено, доколку внесувате течност заедно со храната, може да се наруши нивото на концентрација на киселината во желудникот и во жолчката, кои се неопходни за правилно варење на храната.
Овој совет особено важи за пиење ладна вода, бидејќи таа дополнително го успорува процесот на варење на храната и чувство на тежина во стомакот ќе биде поголемо.
Најдобро би било да пиете вода 30-15 минути пред јадење. По оброкот, почекајте најмалку половина час, а уште подобро и еден час, за да пиете вода.
„Моја препорака е да испиете два литри вода во текот на денот и да ги пиете постепено, за никогаш да не го преполните и оптоварите желудникот. Преголемо количество вода го нарушува варењето, а покрај тоа, може да се случи вишокот на храна да остане во организмот и да го наруши нивото на инсулин, што доведува до зголемен ризик за дијабетес“, изјавила нутриционистката Ању Сод.
извoр:точка.ком.мк