Љуба Перуќица и неговата сопруга Катарина неодамна станаа родители, кога се роди нивниот син, кого го нарекоа Алексеј.
Пејачот со денови не можеше да си дојде на себе си и призна дека е многу емотивен и плачеше од среќа, а сега покажа како ужива со наследникот. Во раце го држи малиот Алексеј, а на фотографијата се гледа дека „пука“ од среќа.
-Мама и тато – напиша подоцна Љуба во описот на приказната што ја објави.
Да потсетиме, Љуба и Катарина се неколку години во брак, а како што неодамна изјави пејачот, имале голема желба дасе остварат во улога на родители.
– Боже, ти благодарам за нив! Ти благодарам што ми го подари најдобриот сопруг на светот и што ми дозволи да го доживеам чувството на безусловна љубов. Само еден поглед беше доволен да ме купи за цел живот. Едвај чекам утре да дојдеш да не земеш и засекогаш да се стопиш покрај него – напиша сопругата на Љуба неколку дена по породувањето.
Фото: Принтскрин/Инстаграм