Радио Милева сценарио од реалноста

Да се заучи од пелени: Исаура од „Преспав“ на прва прошетка го однесе новороденото бебе во кафеана, а Џамбазов и остави урнебесен коментар (фото)

Да се заучи од пелени: Исаура од „Преспав“ на прва прошетка го однесе новороденото бебе во кафеана, а Џамбазов и остави урнебесен коментар (фото)

Веќе е познато дека од месец декември 2023 година ќе започне да се емитува седмата сезона од мега популарната македонска серија „Преспав“. Игор Џамбазов неодамна откри детали од тоа што генерално ќе се случува во пансионот, а меѓу другото сподели и дека Исаура ќе биде бремена од Талат.

Веројатно епизодите се снимаа додека таа беше бремена и во реалноста, а вистински го носеше бебето од својот сопруг и колега Петар Стојанов.

Малата наследничка која го доби името Лена веќе е дојдена на свет и е во прегратките на мама и тато.

Лена се роди пред неполн месец, а мама веќе ја изнезе на прва прошетка, изборот на локација беше необичен – кафеана.

Веројано на мама Емра и се пријате некое кафанско јадење, па го подготви бебето и го понесе со себе. За овој момент од првата заедничка фотографија, гордата мајка покажа на својот Инстаграм држејќи ја во рацете, стопена од љубов и пијана од бебешкиот мирис.

-Лена за првпат во кафана, стои во описот, а првата реакција беше од колегата Игор Џамбазов или бате Миле на кој кафеаната му е омилено место, па оттука за него ова беше сосема оправдан зачеток на навиките уште од пелени.

-Е ако де. Не мора одма со ракија. Од макалото нека проба .. и порача Игор, а Емра со многу смајли симболи очигледно квалитетно насмеана од духовитиот Миле, кусо му врати:

– Не јадела лук, му врати таа.

 

Засега доволна е само посетата, а адаптацијата веќе е започната, па дури и кафанските мириси се сосема доволни…

 

За потсетување, Емра Куртишова оваа година во месец јуни, се омажи со нејзиниот сакан, актерот Петар Стојанов, а интересно е тоа што младата талентирана актерка доби ангажман и во Србија, односно за филмот за легендарниот Џеј каде ќе ја гледаме во улогата на неговата мајка.

фото: Instagram preentskrin/Emra Kurtisova/ @majaargakijeva

To top