Рецептот за арапски палачинки задолжително мора да го имате затоа што таквите палачинки се совршени.
Популарните арапски палачинки се посебен специјалитет во Алжир, Мароко и Тунис. Мали се, сунѓерести и се прават од гриз или брашно.
Кога правилно ќе се подготват, имаат многу дупчиња кои го впиваат било кој сос или прелив при сервирање. Најчесто се јадат со мед и путер, но исто така може да се исечат и на коцкички и да се послужат со џем.
Состојки:
– 2 шолји гриз;
– 1 шолја брашно;
– 1 ќесичка сув квасец;
– ¼ лажичка прашок за печиво;
– ½ лажичка сол;
– ½ лажичка шеќер;
– 2 јајца;
– 1 шолја топло млеко;
– 2 шолји топла вода.
Подготовка:
Сите сотојки измешајте ги со миксер додека не добиете мазна смеса. Оставете го тестото да отстои половина час.
Кога на површината од тестото ќе настанат меурчиња, тестото е спремно за печење.
Загрејте ја тавата со средна величина, па со полна црпалка разлејте го тестото и оставете самoстојно да се направи обликот на палачинка. Печете една минута до две, без вртење.
Сервирајте по желба, на здравје!
извор:точка.ком.мк