Еден од најважните денови на нашите блиски и сакани личности е денот на раѓањето, а тој ден можеме да ги направиме среќни и насмеани со нашето присувство, но и со убавите честитки упатени кон нив.
Токму тоа го направи и македонската актерка Весна Бејби Петрушевска која со леснотија направи видео колаж кој го сподели со јавноста преку Инстаграм и напиша една подолга порака посветена на ќерката Мина.
Имено, Мина наполни 19 години, а Бејби сподели стари и понови фотографии на кои тие две позираат заедно, со Игор Џамбазов, но и со дедото на Мина, починатиот татко на актерката.
„Мина имаше 9 месеци и едвај 3,5 килограми кога се сретнавме првиот пат на еден октомвриски сончев ден во Битола. Беше лесна, насмеана само ако ја погалиш, ако престанеш ќе почнеше да плаче. Знаев дека сме си една на друга судбина. Последниве 8 години се соочувавме со разни состојби поради тоа што таа беше жртва. Се бореше секој ден како лавица. Таа насмевка нема цена. Денес полни 19 години. Секогаш била моја и ќе биде моја. Потполно е неважно дали сте биолошки родител, важно е да го изнесете детето на пат. Мина е мојот херој секоја секунда, секоја минута, секој ден, секоја ноќ. Не знам зошто ама се утепав од плачење“ – напиша Бејби.
View this post on Instagram
Актерката сега на социјалната мрежи сподели и фотографии од роденденската журка и покажа како Мина го прославила роденденот.
Се надеваме дека славеничката си поминала преубаво, а роденденската желба што си ја замислила пред да ги дувне свеќичките ќе и се исполни.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Весна Петрушевска Бејби