Сериите од Босфор се уште се меѓу најгледаните на балканските телевизии. Актерите кои се прославија благодарение на тој формат „сапуница“ во Турција имаат статус на богови, некој помалку, некој повеќе, а меѓу нив е и Дениз Чакир.
Ферхунде од теленовелата „Кога лисјата паѓаат“ и Султанија Шах од „Сулејман Величествениот“ се само дел од улогите на убавата актерка, родена во Анкара на последниот ден од 1981 година. Како девојче, таа сакаше да стане новинарка, но настапите во училишните претстави и ја разбудија љубовта кон сцената.
Дипломирала глума на Државниот конзерваториум во главниот град, а додека студирала снимала реклами и го позајмувала гласот на една радио станица. Дениз ја доби својата прва значајна улога на телевизија во 2004 година.
Како изгледа денес и што прави? За среќа, тука е Инстаграм и другите социјални мрежи, каде што можеме да дознаеме многу работи кои не се спомнати во медиумите. Таа се уште има црна коса, со која ја запознавме, а се испроба и како пејачка.
Бидејќи се уште не е мажена или барем таа информација не и е позната на јавноста, таа со своите две мачки дели луксузен стан од 200 метри квадратни во елитен кварт во Истанбул. Го сака морето и книгите, со кои се релаксира во слободното време.
Кога станува збор за љубовта, изгледа дека е слаба на колегите бидејќи некогаш ја поврзуваа со актерите Фират Доруоглу и Ибрахим Челикој. Моментално не е познат емотивниот статус на Дениз Чакир.
фото:Промо/Инстаграм принтскрин/hellomagazine.rs