Радио Милева заработува и троши

„Сметка со пет нули “: Аца Лукас ги шокираше сите со бројките за неговите телефонски трошоци (фото) 

„Сметка со пет нули “: Аца Лукас ги шокираше сите со бројките за неговите телефонски трошоци (фото) 

Фолкерот Аца Лукас заработил многу пари во животот, но во суштина никогаш  не внимавал како ги потрошил.

Тој раскажал дека мајка му Видосава се шокирала кога ја видела телефонската сметка на синот.

Но ги  насмеа сите со приказна за која од чиста среќа не видела една нула.

– Мајка ми еднаш ја доби мојата телефонска сметка и почна да вреска. Бев пријавен на нејзината адреса некое време. Мајка ми ми се јавува и вика: „Дојде сметката за телефон“, и велам „Па дојде и што“, „Па како можеш да платиш 70.000“, се мислам, како 70.000, јас плаќав и 150.200. 220, 250 илјади. Знаеш, работа, роаминг, и велам да ја донесе сметката. Сметката беше 700.000. Таа не ја видела таа нула,  воопшто не ја регистрирала, или воопшто не сакаше да помисли дека е можно на сметката да има пет нули – изјавил Лукаш на тамошните медиуми. 

Инаку, Аца Лукас неодамна имаше премиера на филмот снимен по животот на пејачот,  каде што беа присутни и неговите колеги и семејството. Во публиката беа мајката на Аца, Видосава Вуксановиќ, како и најстариот син Лазар Вуксановиќ во друштво на сопругата Ана, атрактивна бринета со која се ожени минатата година. Во Арена беше и ќерката на Аца, Викторија, која фолкерот ја имаше од третиот брак со Соња Вуксановиќ, заедно со нејзината полусестра Софија Шашиќ, ќерката на пејачот Жељко Шашиќ и поранешната сопруга на пејачот.

Инаку, Аца Лукас се женеше три пати, а детали за врската со сопругите се најдоа и во неговата биографија „Ова сум јас – Аца Лукас“.

– Првата сопруга Цеца ми беше пријателка од детството, Наташа сакаше да живеам по нејзините принципи, а Соња се обиде да направи пудлица од мене – ја сумираше Лукас врската со трите о една реченица. 

Фото: Принтскрин/Милош Рафаиловиќ/ Дамир Дервишагиќ/

To top