Една од најпопуларните и најангажираните фолк пејачки на домашната естрада, Сузана Гавазова, речиси никогаш да не сме ја виделе во опуштено и релаксирано домашно издание.
Ако повеќето од нас едвај чекаат да завршат со работа и „да влезат“ во своите тренерки или пижами, кај Гавазова тоа не може често да биде случај. Сузе скоро и да нема пауза од работа, така што сценската гардероба, шминката и фризурата се нејзино секојдневие.
View this post on Instagram
Па така, дури и кога објавуваа фотографии и снимки од домот, најчесто се пред настап, стокмена и средена тип- топ, така што лежерните изданија пред објективост на камерата од мобилниот се исклучок за пред очите на јавноста.
Сепак, таа оддава слика на жена која претпочита и во домашно светло да биде скоцкана, но на нејзините последни стори објави на изненадување осамна токму една таква.
Имено, за добро утро и за промена, таа прати утрински поздрав облечена во едноставна бела блуза, со бушава коса и лице без шминка.
Првите голтки кафе или чај и беа пред камера, за потоа по неколку часа да се појави стокмена од аеродром чекајќи лет за Германија каде ќе пее пред нашинците таму заедно со „Дрим тим“.
Таму веќе стандард ја чека работа, тесна облека, шминка и повторно се’ во круг.
Но, што е тука е, работа си е работа, а веруваме сатисфакцијата секогаш присутна, а секако веќе и навика за она што се работи со љубов.
фото:Инстаграм принтскрин/Сузана Гавазова