За оваа необична и вкусна салата ви е потребно:
600 гр кисела зелка
400 гр кисели краставички
300 гр печурки
100 гр кромид
100 гр масло
30 гр шеќер
Згответе ги печурките. Киселите краставички исечете ги на кришки, измешајте ги со сечканата зелка, ситно сечканиот кромид и исечканите печурки. Зачинете со масло и шеќер. Да се чува во стаклени тегли, на темно и ладно место.
Извор: Попара.мк