Радио Милева месец за славење

Кај Светле и Мики Црнокрак повторно се слави: Ден за гушкање и многу честитки (фото)

Кај Светле и Мики Црнокрак повторно се слави: Ден за гушкање и многу честитки (фото)

Месец октомври е резервиран за славење во домот на Црнокрак. Неодамна Мики и Светле прославија 26 годишнина од брак, а сега на крајот крајот на месецот повторно се завршува со провлава.

Овој пат, повод за тоа беше големиот и еден од најсреќните денови во нивнот живот- роденденот на втората ќерка, малата Нина која наполни 12 години.

Мама, тато, дада организираа се’ за славеничката да се чувствува како главна ѕвезда на вечлета. Прегратки, насмевки, честитки, подароци и пред се’ многу љубов!

Прославата се случи во еден познат клуб во Скопје каде Нина славеше со најблиските и секако другарчињата.

Инаку, веќе е познато дека и двете ќерки Црнокрак ги влече она што го работат мама и тато. Моника е веќе 24 годишна девојка со факултетска диплома, а помалата Нина ученичка во основно со афинитети кон модата и изборите за убавина.


Минатата година во Банско таа ја освои титулата за „ Little Miss Galaxy“, додека во јуни годинава во Варна на Златни песоци се одржа изборот за убавина за деца и тинејџери Little Miss&Mister Planet и Miss&Mister Teen Planet 2023 каде победи Нина Црнокрак.

Среќен роденден Нина!

To top